Реконструкции на улици и пешачки патеки во Општина Бутел

Од Општина Бутел информираат дека се извршени неколку реконструкции на улици и пешачки патеки.

Извршена е реконструкција на крак од булеварот Македонско Косовска Бригада. Должината на асфалтираниот дел е околу 250 метри.

 
 
Жителите на Радишани добија уште една целосно асфалтирана улица. Нов асфалт се постави на улицата АФЖ во должина од 430 метри. 
 
 
Во Радишани е асфалтирана и улицата Петко Јанчевски, во должина од речиси петстотини мести. 
 
 
Жителите на Скопје Север добија нови пешачки патеки. Бекатонските патеки се долги по околу 650 метри и широки околу 2.5 метри.
 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.