Во Општина Бутел отворена изложба на делата од десеттата ликовна колонија „Љубанци 2020" (ВИДЕО)

Во Општина Бутел денеска бeше отворена ликовната изложба на делата од десеттата, јубилејна ликовна колонија ,,Љубанци 2020“.

Станува збор за 29 дела на 16 ликовни уметници, учесници на минатогодишната ликова колонија, што веќе традиционално се одржува во живописното Љубанци, овојпат и во ковид услови.

Љубителите на ликовната уметност имаат можност да видат: 23 слики, 1 резба и пет скулптури во дрво и во мермер.

На јубилејната, 10 - та ликовна колонија, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Новица Трајковски, Харалампие Манчев, Ели Чочова и други, учествуваше само еден уметник од странство и тоа од Србија, Владан Ранѓеловиќ, додека останатите го откажаа своето учество заради пандемијата на вирусот Ковид 19 и строгите пропишани мерки, кои беа на сила минатата година.

На настанот беше промовиран специјално подготвениот каталог: Десетта ликовна колонија ,,Љубанци 2020“, во кој се презентирани уметниците и нивните дела, а се презентирани и наградените седум детски цртежи, насликани на ,,Детскиот ден“ во рамките на ликовната колонија.

Изложбата ќе биде отворена до 08.10.2021 година.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.