Реконструкција на собиралиштето на пензионерите од Бутел 1

Пензионерите на територија на Општина Бутел, гордост од минатото и многу важен дел на сегашноста добија честитка за „Денот на пензионерите“ од страна на градоначалникот Велимир Смилевски, информираат од општината.

„Не смееме да дозволиме никој да ги занемари Вашите искуства и знаења стекнати низ животот. Во овие тешки времиња на пандемија покажавте голема одговорност, почитувајќи ги мерките, особено во делот на имунизацијата, за што сме Ви благодарни. Воедно, Ви го честитаме и 75 годишниот јубилеј од формирањето на „Сојузот на пензионери“. Останете во добро здравје, здраво стареење и среќни пензионерски денови“, се вели во честитката.

Инаку, Смилевски  само пред неколку дена лично ги информираше пензионерите за напредокот на реновирањето на објектот, во кој тие ќе се собираат и дружат, кој претходно се користел за други намени, но и како Народна кујна.

 

 

Од општината додаваат дека во тек е комплетна промена во внатрешниот дел на објектот, се поставува нов под и нови врати и прозорци.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.