Се реконструира дел од улицата АФЖ во Радишани

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски направи увид на тековните работи поврзани со реконструкција на дел од улицата АФЖ во Радишани.

 

Работните активности се во полн ек, при што се афсалтираат речиси петстотини метри од оваа улична инфраструктура во населбата, информираат од Општина Бутел.

 
 
 
 
Во изминатиот период, во општината беа реконструирани 70 сервисни улици во сите месни и урбани заедници, со вкупна површина од 50.000 м2.
 
 
 
 
Асфалтирањето на улицата го извршува компанијата Гама Градба, а вкупниот буџет на проектот изнесува 1.263.554 денари.
 
 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.