Се чистат четири диви депонии во Бутел

Во соработка со ЈП Комунална хигиена-Скопје во Општина Бутел се расчистуваат четири диви депонии, информираат од општината.

 

Депониите, составени од мешан комунален, кабаст и градежен отпад се лоцирани на улицата Бетовенова, како и улиците Александар Урдаревски и Лазар Трповски, во непосредна близина на гробиштата.

 
 
 
 
Се очекува до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 300 кубни метри несовесно одложен отпад од јавните површини.
 
И во оваа прилика апелирамe до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што само со правилно и совесно одлагање на отпадот можеме да ја заштитиме животната околина и јавното здравје, додаваат од општината.
 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.