Се субвенционира реконструкција на кров на станбена зграда во Радишани

Градоначалникот Велимир Смилевски потпиша Договор за субвенционирање на реконструкција на кров на станбена зграда на ул. “Радишанска” бр.25, во населбата Радишани, информираат од општината.

 

Корисник на субвенцијата е Заедницата на сопственици на станбена зграда на ул.“Радишанска” бр. 25, кои врз основа на Јавен повик објавен од страна на Општина Бутел, го остварија правото за финансиска поддршка во вид на поединечна субвенција, во висина од 40% од вкупниот износ потребен за реконструкција и обнова на стара и оштетена кровна конструкција. 

 

 Инвестициите во подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради за колективно домување на подрачјето на општината е директна инвестиција во подобрување на квалитетот на живот на жителите во Општина Бутел, додаваат оттаму.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.