Старите лица во Општина Бутел ќе добијат помош од лиценцирани негователи

Општина Бутел, во соработка со Организацијата АДРА, преку реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги, на своите жители, кои се стари лица над 65 години и кои го остваруваат правото, во иднина ќе им овозможи во местото на своето живеење да добијат потребна помош од лиценцирани негователи на стари лица.

 
 
За таа цел се ангажирани и 25 лиценцирани негователи на стари лица, кои професионално и стручно ќе одговорат на барањето за нега и помош на околу 60 стари лица, кои имаат потреба од оваа социјална услуга.
 

 

На овој начин, со обезбедување помош и нега во домашни услови за старите лица ќе се намали притисокот врз останатите членови на семејството, информираат од општината.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.