Летни градежни активности во Бутел пред почетокот на учебната година

Во пресрет на новата учебна година, деновиве се вршат подготовки за подобрување на условите за учениците од ООУ „Ацо Шопов“ – Радишани во Општина Бутел.

 

 

 

 

Во тек е реновирање на соблекувалните и тоалетите во фискултурната сала, се поставува нова влезна врата и се гради патека со која ќе ја поврзе спортската сала со надворешното игралиште во училишниот двор.

 

 

 

 

Во завршна фаза е реконструкцијата во енергетско ефикасниот објект на детската градинка „Ташко Kараџа“ во Радишани. Се изработува енергетско ефикасна фасада со површина од 1,062 м2, симс со ламперија, калкански ѕидови, тротоари со павер елементи, подни плочки на сите влезови, тераси и скали, како и ограда од панел елементи.

 

 

 

 

 
Во ООУ “Петар Здравковски-Пенко“ привршува изградбата на кошаркарското игралиште. 
 

Станува збор за комплетно опременo игралиште за баскет со два коша, осветлено со штедливи светилки, трибини, подлога/терен од 600 м2 со пластични ЛФ плочки. 

 

Игралиштето е оградено со висока метална ограда, нови асфалтирани приодни патеки како корпи за отпадоци и фонтана.

 

 

 

 

Општина Бутел ќе продолжи да инвестира во развој на спортската инфраструктура што значи грижа за постоечките и изградба на нови објекти, информираат од општината.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.