Општина Бутел ги награди првенците од сите основни учлишта

Градоначалникот Велимир Смилевски додели „Дипломи за првенци на генерација“ и вредносни ваучери на 14 матуранти-првенци на генерацијата 2020/21 од општинските основни училишта, посакувајќи им многу успех во понатамошното образование.

"Првенеците на генерација често имаат врвни дострели во идното образование. Знаењето е сила кое ќе ве направи самостојни и непокорни. Се надевам дека во иднина ќе бидете успешни млади луѓе, кои ќе и бидат потребни на општината", изјави градоначалникот Велимир Смилевски, на свеченото доделување на наградите.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.