Во тек е крводарителна акција во Општина Бутел

Денеска во просториите на Општина Бутел се одржува акција за дарување крв, информираат од општината.

 

Акцијата е започната утрово и ќе трае до 15:00 часот. Од општината апелираат до сите граѓани да ја искажант нивната хуманост и солидарност преку дарување крв. Крвта спасува живот, таа е незаменлив лек, секојдневно е потребна за да се продолжат многу животи. Да даруваме крв денеска зашто утре можеби и нам ќе ни треба! Тоа е мотото на денешната акција во Општина Бутел.

 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.