По повод роденденот на Пипи награди за најдобрите ученици од шведската амбасадорка

Во соработка со Шведска Амбасада по повод 75- та прослава на роденденот на Пипи долгиот чорап, во аулата на ООУ„Живко Брајковски“ во Бутел е поставeнa изложба со изработки од учениците, информираат од општината.

 Инспирирани од книгата и изложбата, учениците изработија 130 цртежи на тема Пипи. Од најдобрите 10 цртежи се изработени постери, а првите три се наградени од страна на шведската амбасада. По тој повод на свечениот настан наградите на учениците им ги подели шведската амбасадорка Кристин Форшгрен Бенгтсон, а сите учесници добија сертификати.   Подршка за целиот настан даде и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

 
 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.