Реновирана градинката "11 Октомври" клон во Бутел 1 (ФОТО)

Заврши реновирањето на уште еден објект на територијата на Општина Бутел, информираат од општината.

 

Станува збор за детската градинка "11 Октомври" клон во Бутел 1, кој постои од 1976 година.

 
 
 
 
Во 2019 година, овој објект доби нова фасада, а денес, комплетно внатрешно уредување на површина од 1.317 м2. Оваа градинка има проектиран капацитет да згрижува 180 деца. Истата ја посетуваат деца од различни етнички заедници и деца со попреченост во развојот.
 
 
 
 
Од општината додаваат дека со овие активности се чекори кон европските стандарди и потенцираат дека и во иднина ќе создавааат услови за сите деца од предучилишното воспитание и образование.
 
 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.