Акција за собирање кабаст отпад во Општина Бутел

Од вторник, 18 мај, Општина Бутел во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ќе спроведе акција за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата.

 

Од општината информираат дека големи контејнери за собирање ваков тип отпад ќе бидат поставени на 4 локации: во Скопје Север, кај Стокомак, во Бутел 2, на платото на Џамијата Фетах Ефенди, потоа помегу првиот и вториот влез во н. Радишани и во Бутел 1 спроти црквата Св. Јован кај трансформаторот.

 

Контејнерите ќе бидат поставени до сабота, 22 мај и до тогаш ќе може да се одложува кабастиот отпад.

 

Организаторите на акцијата ги повикуваат жителите на општината да го одложат кабастиот отпад во контејнерите кои ќе бидат поставени на четирите локации и додаваат дека одложување кабаст отпад во постоечките контејнери за домашен комунален отпад е казниво со закон.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.