Општина Бутел објави повик за субвенции за велосипед или електричен тротинет

Општина Бутел објави повик за доделување субвенции на граѓаните, жители на општината за купување велосипед или електричен тротинет.

Општината, со цел да ги стимулира жителите за користење на велосипеди или електрични тротинети, а кои имаат купено нов велосипед или електричен тротинет, започнувајќи од 01.01.2021 година па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.09.2021 година, ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед или електричен тротинет.

Средствата кои Општина Бутел ќе ги субвенционира се во износ до 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Физичките лица кои во 2020 година го искористиле правото на субвенција за оваа намена од Општина Бутел, немаат право на учество на овој јавен повик.

Подетални информации за јавниот повик се објавени на веб страната https://opstinabutel.gov.mk




© Скопски портал. Сите права се заштитени.