Општина Бутел ги повикува жителите на општината да аплицираат на повикот за субвенции за клими

Општина Бутел ги повикува жителите на својата општина да аплицираат на јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување инвертер клима уреди.

Градот Скопје веќе го објави јавниот повик за доделување субвенции за купување инвертер клима уреди за 2021 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.

На повикот може да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, односно оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2021 година и се жители на Град Скопје, а меѓу нив секако и жителите на Општина Бутел.

Повикот ќе биде отворен до 01.11.2021 година или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. Апликациите се доставуваат на https://aplikacii.skopjelab.mk/inverteri.

Овие субвенции се дел од мерките што Град Скопје ги има предвидено во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на градот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.