Улицата Лазо Трповски во Бутел ќе биде затворена за сообраќај

Градот Скопје известува дека поради изведување градежни работи, улицата Лазо Трповски во о Бутел ќе биде затворена за сообраќај од 29.3.2021 година до 31.3.2021 година или во периодот од понеделник до среда, на потегот од кривината со улицата Боца Иванова до влезот на гробиштата „Бутел“.

За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата Александар Урдаревски, информира Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.