Ученици од Ацо Шопов од Општина Бутел победија на предивикот „Училишта на 21-от век“

Победниците на третиот Предизвик за кодирање се ученици од од ООУ „Ацо Шопов“ од Општина Бутел. Називот на победничкиот проект е „Микробит -обновлива енергија“.

Благодарение на вештините за кодирање, критично размислување и решавање проблеми кои што ги стекнаа во рамките на програмата „Училишта на 21-от век“, тимот кој го сочинуваат учениците Филип Величковски, Ангел Крстевски и наставничката по информатика, Билјана Симоноска Антовска го решија проблемот со изнаоѓање начин за користење обновлива енергија од ветер и сонце во домовите.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.