Нови канделабри во индустриската зона Визбегово

Во индустриската зона Визбегово на десниот крак од улица 1550, во должина од 500 метри, поставени се нови 20 канделабри со штедливи натриум 70w светилки. 

 

 На истата улицата минатата година беше поставена водоводна и канализациона мрежа и извршена реконструкција и асфалтирање.

 

 Со ова, комплетно заврши инфраструктурното уредување на една од најфрекфентните улици во индустриската зона, каде што гравитираат голем број компании. 

 

Не само што овозможивме подобри услови за работа на постоечките компании, туку и создадовме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции, информираат од Општина Бутел.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.