Реконструкција на краците на Радишанска во Општина Бутел

Започна подготовка и тампонирање од крак 21 до крак 7 од улицата Радишанска, информираат од Општина Бутел.

 

Градежните работи ќе се извршуваат на вкупна должина од 650 метри и 3 метри широчина. Кракот ќе се спои со улица 13 и ќе го олесни секојдневието на населението од Расадник, кое брои околу 500 домаќинства.

 

 

 

 

Реконструкцијата на улицата е согласно предвидената динамика од овогодишната програма за работа, додаваат од општината.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.