По 60 години Бутел 1 добива нова градинка

Во тек е третата и завршна фаза од реконструкцијата на градинката во Бутел 1, која има капацитет да згрижи 250 дечиња, информираат од Општина Бутел.

Целосно се реновирани занималните, тоалетите, кујната и салата.  Со ова, по 60-ина години, во Бутел 1 ќе има нов објект за згрижување и воспитување на деца. Минатата година заврши реконструкцијата, санацијата и преадаптацијата на јаслениот дел од градинката и беше поставена енергетски ефикасна фасада.

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски заедно со директорката на ЈОУДГ „11 Октомври“, Мими Зашовска беа во посета на детската градинката во Бутел 1.  

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.