Наставата во училиштата во Општина Бутел се одвива тековно и според протоколите

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски беше во ненајавена посета во ООУ “Панајот Гиновски“

 

со цел да се запознае со организираноста, предизвиците и реализацијата на онлајн наставата, како и од примената на протоколите за изведување настава со физичко присуство, информираат од општината.

 

При тоа беше констатирано дека во ова училиште, како и во останатите на територијата на општината наставата се одвива тековно, без проблеми и според протоколите.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.