Се реконструира улица 50 во Радишани

Улицата 50 во населбата Радишани ќе добие ново руво. Деновиве се работи на нејзина реконструкција и се поставува асфалт во должина од 1.000 метри и 3, 5 метри широчина, информираат од Општина Бутел.

 

Градоначалникот Велимир Смилевски денеска направи увид на градежните работи кои се одвиваат на улица 50 во населбата Радишани.

 

 

Општина Бутел во наредните три месеци има предвидено реконструкција на повеќе од осум улици кои се дел од годишната програма за работа, додаваат од општината.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.