Градоначалникот Смилевски на работни средби за новата амбуланта и со најмладите

Градоначалникот Велимир Смилевски денеска оствари две работни средби, значајни за бутелчани, информираат од Општина Бутел.

 

Првата средба беше со заменик министерот за здравство Илир Хасани. На средбата стана збор за следење и заштита на здравствената состојба на граѓаните од коронавирусот, а значаен сегмент беше посветен и на изградбата на новата амбуланта во Бутел.

 

 

На покана пак на Ученичкиот парламент од ООУ,,Ацо Шопов,, градоначалникот денеска беше на работен состанок со дел од членовите на парламентот и со ученичкиот правобранител. Тие заедно ги анализираа состојбите и ги изнесоа своите ставови по однос на потребите на учениците, при реализација на проектот ,,Младите-креатори на иднината,,.

 

 

Со цел да се испочитуваат протоколите за заштита од коронавирусот, состанокот беше одржан под зраците на февруарското сонце во училишниот двор, додаваат од Општина Бутел.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.