
Проект за унапредување на наставата во Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 22 Февруари 2021

Во рамките на проектот Robotics Versus Bullying, кој се спроведува на територијата на Општина Бутел, училиштата „Живко Брајковски” и „Св.Климент Охридски” денеска добија по две роботчиња за активности поврзани со проектот и унапредување на наставата.
Овие две училишта се амбасадори на НВО Пријатели во образованието.
Од општината информираат дека следат обуките за иновативна примена на роботите во наставата и превенција од врсничко насилство.
