Општина Бутел започна реконструкција на уличното осветлување во Радишани

Општина Бутел започна реконструкција на уличното осветлување во населбата Радишани, информираат од општината.

Дотраените 125 ватни живини светилки, кои се стари повеќе од 40 години ќе се заменат со нови, штедливи 70 ватни натриумови светилки. Со промената ќе се заштеди и до 100 отсто електрична енергија.  

До сега комплетно е реконструирано уличното осветлување на улиците Киро Димишков и Симче Настевски. Во наредните денови со засилено темпо ќе се врши промена на сите улични светилки во населбата, додаваат од општината.

Во другите делови од општината одржувањето на електро мрежата се одвива тековно и навремено.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.