Општина Бутел ги повикува жителите да пријават долг и камати за неплатен данок на имот

Општина Бутел ги повикува граѓаните од територијата на Општина Бутел, кои имаат основен долг и камати по основ на неплатени решенија за данок на имот истиот да го пријават во архивата на општината.

 

Од општината информираат дека повикот се однесува на оние жители кои имаат долгови за камати кои што се постари од три месеци. Пријавувањето се врши заклучно со денешниот ден, 05.02.2021 година. Податоците се потребни за креирање на Петтиот пакет економски мерки во кои за граѓаните е предвидено отпишување на каматите на долговите и за решенијата по основ на данок на имот постари од три месеци.

 

 



© Скопски портал. Сите права се заштитени.