Од денеска до вторник јавна презентација и анкета за нов урбанистички план во Општина Бутел

Општина Бутел од денеска до вторник организира јавна презентација и анкета за архитектонско-урбанистичкиот проект за формирање градежна парцела со намена хала за ускладишување на овошје и зеленчук во индустриската зона Визбегово.

 

Изработениот архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози е изложен во просториите на Општина Бутел во салата за состаноци, а јавната анкета се одржува од денеска до 02.02.2021 година, секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел.

 

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во просториите на Општина Бутел, а сите подетални информации веќе се објавени на веб страната на Општина Бутел.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.