Поинаков почеток на второто полугодие во ОУ Живко Брајковски во Бутел

Слично како симболиката на денот 21 јануари, во 2021 година и во 21 век, вчера на поинаков начин започна учебната година во ОУ Живко Брајковски во Општина Бутел.

 

Учениците испратија порака за здравје, љубов и мир во светот, заедно со ликовниот уметник Живко Поповски.

 

Новата година на сите деца во светот да ни носи здравје, успеси и среќа...

За секое детенце цвеќенце од Живко Поповски Цветин и прегратки од нас низ небесна шир,

сегде да има многу љубов и мир!

 

Со овие стихови, учениците, наставничката Љиљана Атанасова и уметникот Цветин симболично го започнаа второто полугодие од учебната година.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.