Во тек е повикот за обука за негователи на стари лица во Општина Бутел

Општина Бутел во соработка со хуманитарната организација АДРА, Скопје, ја започнува реализацијата на Проектот за развој на социјални услуги за помош и нега во домот за стари лица на подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево.

Сите лица кои се заинтересирани да земат учество на бесплатната обука преку која ќе се стекнат со практично и теоретско знаење за квалитетно и успешно испорачување на услугата за помош и нега на старите лица во нивните домови да аплицираат до 19.01.2021 година.

Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат следниве критериуми и да ги достават следниве податоци:

Да се државјани на Р.С.Македонија;

Да имаат над 18 години;

Да имаат завршено најмалку основно образование;

Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

Да имаат желба и мотивација за работа со стари лица,

По завршувањето на обуката да бидат подготвени за пружање на помош и нега на стари лица во домашни услови

Обуката ќе се изведува според верифицирана Програма за негователи на стари лица, со што кандидатите ќе се стекнат со верификуван и меѓународно признаен сертификат за Неговател на стари лица.

Сите лица кои се заинтересирани потребно е да се пријават најдоцна до 19.01.2021 година на следниве е-маил адреси ler@butel.gov.mk или adra.mkd@gmail.com или на телефон 078/463-092 Сузана Илиевска, 078/221-847 Зоран Велковски. Пријавувањето исто така може да се изврши и во Архивата на Општина Бутел преку пополнување на образец Пријава за учество на обука, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик ќе бидат повикани на индивидуално интервју. 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.