Проект за помош и нега на старите и изнемоштени лица во Општина Бутел

Општина Бутел и Општина Чучер Сандево, во соработка со граѓанската организација АДРА потпишаа Договор за реализација на проектот “Домашна нега и помош на стари лица“.

На подрачјето на двете општини ќе биде воведена бесплатна услуга за нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица, како и бесплатна помош при извршување на секојдневните активности во нивните сопствени домови.

Реализацијата на овој проект во соработка со МТСП значи поддршка на желбата и настојувањата на старите и изнемоштени лица да продолжат да живеат во нивните сопствени домови.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.