Министерството за земјоделство ќе отвори канцеларија во Општина Бутел

Значаен дел од територијата на Општина Бутел припаѓа на рурален дел и граѓаните се занимаваат со земјоделство. Токму затоа се јавува потреба во Општина Бутел да се отвори канцеларија на Министерството за земјоделство, информираат од општината.

Оваа тема била дискутирана помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски на неодамнешната работна средба во општината.

Отварањето канцеларија во општината значајно ќе влијае за олеснување на користењето субвенции што ги доделува Министерството за земјоделство и ќе резултира со побрз и навремен пристап до услугите и информациите.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.