Во Општина Бутел се асфалтира улица до новопроектираното училиште во Визбегово (ВИДЕО)

Општина Бутел го почна асфалтирањето на кракот од улицата ,,3,, до новопроектираното училиште во Визбегово. Со оваа активност ќе бидат асфалтирани 310 метри или 1500 м2 со оглед на фактот дека улицата ќе биде со различна широчина на неколку места, информираат од општината.

 

Изведувач на градежните работи е фирмата ,,Гив Груп,, од Скопје, а средствата во висина од 1 909 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

Важно е да се напомене дека претходно беше поставена вововодна и канализациона мрежа во должина од по 426 метри, појаснуваат од општината.

 

Изведувач овие градежни работи беше фирмата ,,Ќану- Компани од Скопје, а Општина Бутел од буџетот издвои: за водоводната мрежа 2 785 385 денари, додека за канализационата мрежа 2 473 980 денари.

 

Со оваа инвестиција на Општина Бутел во вкупна вредност од 7 168 365 денари, колку што чини комплетната изградба на оваа улица што води до нопроектираното основно училиште во Визбегово се создадени сите предуслови да почне неговата изградба од страна на МОН.

 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.