Асфалтирани шест улици во Општина Бутел (ВИДЕО)

Општина Бутел го привршува асфалтирањето на шест улици во населените места Радишани и Визбегово, информираат од општината.

 

Станува збор за 4 улици во Радишани и тоа: крак на ,,Радишанска,, лево покрај реката Серава во должина од 190 м.; Крак на улицата ,,60,, во должина од 170м.; Крак на улицата ,,50,, во должина од 150 м. и крак на улицата ,,56,, во должина од 110 м.

 

Во Визбегово се завршени улиците: 2/5 во должина од 350 м. и улицата 3/2 во должина од 230 метри.

 

Со оваа летна градежна активност на Општина Бутел асфалтирани се 6 улици со вкупна должина од над 1200 метри.

 

Изведувач на работите е фирмата ,,Гама Градба,, од Скопје.

 

Средствата во висина од 5 000 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.