Дел од улица Босна и Херцеговина ќе биде затворен за сообраќај

Град Скопје известува дека утре, 29 јули, од 6 часот до 12 часот на улица Босна и Херцеговина на потегот од крстосница со булевар Христијан Тодоровски-Карпош до раскрсница со улица Кемал Сејфула и улицата Александар Урдаревски ќе се врши прекоп, поради што сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

 

Ваквата времена измена на сообраќајот е поради реализација на активности од проектот „Втора фаза со улично осветлување од изградба, одржување и реконструкција на булеварот Босна и Херцеговина, во Општина Бутел“.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.