Акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут во Општина Бутел (ВИДЕО)

Општина Бутел во соработка со Град Скопје, односно со ЈП ,,Дрисла,, ќе организира акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут на 08.08. и 09.08.2020 г. (сабота и недела).

 

Граѓаните ќе можат својот стар мебел, неупотребливи електрични апарати, скршени санитарии, електронски отпад, градежен шут и друго, да го одложуваат на 4 локации на територијата на општината:

 

  1. Во Радишани на средината на улица ,,Радишанска,, помеѓу прв и втор влез.
  2. Во Бутел 1, кај трафостаницата спроти црквата ,,Св. Јован,,
  3. На улица ,,Бетовенова,, кај контејнерите.
  4. Скопје Север, позади гимназијата ,,Зеф Љуш Марку,,

 

Се молат граѓаните да ја искористат оваа летна акција и на 08 и 09 август да го одложат својот кабаст отпад и градежен шут на посочените локации, информираат од општината.

 

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.