Започна пролетната дератизација во Општина Бутел

Вчера, во Општина Бутел започна пролетната дератизација на целата нејзина територија, информираат од општината.

 

Всушност, ќе бидат дератизирани 1 200 шахти со по два мамци.

 

Во текот на вчерашниот ден дератизацијата почна од северниот дел на општината кај местото викано Јазирски мост, а беше опфатена и н. Радишани. Во текот на денешниот ден дератизација се вршеше во: селото Радишани и Расадник. Во текот на утрешниот ден ќе бидат опфатени населбите:  Бутел 1,  и Љуботенски Пат, а во понеделник со дератизацијата ќе бидат опфатени: Бутел 2, Скопје Север и Визбегово. Правецот на дератизација е од север кон југ заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите.

 

Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје, Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.