Градоначалникот Смилевски во домот на семејството Радевски однесе комјутер

Градоначалникот Велимир Смилевски вчера во домот на семејството Радевски однесе комјутер за Кате која е штитеник во заводот за рехабилитација на деца и младинци во Бутел, информираат од општината.

 

Донирај го својот стар компјутер е акција, која ја покрена Општина Бутел за да им се помогне на децата кои не можат да го имаат овој апарат во своите домови и да ја следат он-лајн наставата заради пандемијата од коронавирусот.

 

Во овој случај со компјутерот ќе работи мајката на Кате, која е доктор по психолошки науки и ќе и овозможи да продолжи со своите научни истражувања за да им помогне на Кате и дечињата кои се соочуваат со вакви препреки во животот.

 

Општина Бутел продолжува и во наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.