Смилевски и заменик-министерката за внатрешни работи Петревска поделија оброци и пијалоци за вработените во ПС Бутел

Денеска градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски заедно со заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска ја посетија Полициската станица во Бутел и поделија оброци и освежителни пијалоци за сите вработени, информираат од општината.

Со оваа заедничка иницијатива се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно ја чуваат територијата на општина Бутел и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на општина Бутел кои покажуваат висок степен на одговорност за време на полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.