Градоначалникот Смилевски и НВО Извор поделија 200 хуманитарни пакети

Минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости, градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтери од НВО Извор поделија 200 пакети на три пункта : Визбегово, Бутел 2 ул. Рокомија и Бутел 1 на ул. Боца Иванова.

 

Акцијата за делење на пакети со храна за овааа ранлива категорија Општина Бутел ќе ја продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.

 
Општина Бутел во соработка со Невладината Организација Извор продолжи со делење на хуманитарни пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од корона вирусот.



© Скопски портал. Сите права се заштитени.