Утре крводарителска акција во Општина Бутел

Следејќи ги потребите на Министерство за Здравство, Општина Бутел и Институтот за трансфузиона медицина, во вторник на 14 април, од 9 до 14 часот ќе ораганизираат крводарителска акција во просториите на Општина Бутел.

 

Во координација со Институтот за трансфузиона медицина, од општината нагласуваат дека се презедени дополнителни мерки за максимално безбедни услови за крводарување, како што е персонал обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки од Институт за трансфузиона медицина.

 

„За време на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување). Ги повикуваме сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот“, велат од општината.

 

Додаваат дека Ковид-19 не може да се добие со крводарување.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.