Општина Бутел изврши дезинфекција на јавните површини

Изминатава недела Општина Бутел ги вклучи сите свои ресурси во спречување ширење на коронавирусот. Имено, заедно со сите општествено одговорни компании, кои гравитираат на локалниот пазар, беа дезинфицирани маркетите и тезгите на „Скопски пазар“.

 

Во оваа активност Општина Бутел учествуваше со човечки ресурси и пумпи, а компаниите со средства за дезинфицирање. Се изврши и дезинфекција на фреквентните сообраќајници и урбаната опрема во населбата Радишани, с. Радишани, Скопје Север и Бутел 1.

 

Дезинфекцијата на јавните површини и урбаната опрема продолжува и во наредните денови, соопшти Општината.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.