Цвеќе и песни за 110 роденден на Вапцаров во Општина Бутел (ВИДЕО)

Денеска Општина Бутел го одбележа 110-от роденден на поетот и револуционер Никола Јонков Вапацаров.

 

 

Градоначалникот Велимир Смилевски положи свежо цвеќе пред споменикот на поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров, кој се наоѓа пред општинската зградаИсто така, со свежо цвеќе почит му оддадоа и претставниците на основните училишта, на невладините организации и бројни граѓани.

 

По овој повод градоначалникот Смилевски истакна, дека е горд што личност како Вапцаров е патрон на Општина Бутел, чиј лик и дело треба да го чествуваме, негуваме и никогаш да не го заборавиме.

 

Потоа, во големата сала на Општина Бутел се одржа пригодна свеченост, на која настапија: Хорот на Здружението на пензионери на Општина Бутел, КУД ,,Плетеница,, и ученици од ОУ ,,Живко Брајковски,,.

 

.be




© Скопски портал. Сите права се заштитени.