Граѓаните на Арачиново и вработените во локалната самоуправа ќе добијат нова зграда. Во новиот објект, за чија изградба се издвоени 260 илјади евра, вработените ќе можат во соодветни услови да креираат квалитетни услуги за граѓаните. Локалната власт во Арачиново досега беше сместена во барака, изградена во 1952 година. 
 
Во Арачиново денеска ќе биде одбележан почетокот на изградбата на новата општинска зграда.  Изградбата на зградата е финансирана со 260.000 евра обезбедени од страна на Европската унија, како дел од Програмата за општински рурални инвестиции. Програмата ја администрира Светска банка, а ја спроведува Министерството за финансии.
 

© Скопски портал. Сите права се заштитени.