Отворен новиот спортскиот центар во Ново Лисиче - Марко Божиновски

Жителите на Ново Лисиче добија нов спортскиот центар кој ќе го носи името Спортски центар – Марко Божиновски.

Марко Божиновски беше младо момче пример за спортист, добар другар и пријател, кој што пред шест месеци трагично почина.

"Заедничка одлука на моја иницијатива, но заедничка одлука на сите советници во Советот на Општина Аеродром, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од СДСМ, и од Левица, е овој Спортски центар да го носи токму неговото име.

Одлучивме да инвестираме во реновирање на спортската инфраструктура која што ја гледате позади вас. Дел од таа инвестиција е на општина Аеродром, но и самото семејство на Марко Божиновски, пријатели нивни, се активно вклучени во подобрување на условите кои што ќе ги има овој Спортски центар." изјави Муцунски

Градоначалникот на Аеродром истакна дека во чест на Марко Божиновски, кој што треба да биде пример на сите исти млади генерации, успешен млад ракометар, добар другар и искрен, верен пријател, сакаме да функционираме и таков однос да воспоставиме спрема сите други млади луѓе во општина Аеродром, да бидат како Марко Божиновски.

Муцунски додаде дека и следната година ќе продолжат да инвестираат во спортската инфраструктура и во младите спортски таленти.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.