Голем број граѓани даруваа крв во Општина Аеродром

Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија - Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, информираат од општината.

Кон акцијата се приклучија голем број хумани граѓани, од кои дел се вработени во Општината. Притоа, се почитуваа сите мерки за заштита од КОВИД-19.

 

 

Општина Аеродром редовно ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.