Нова сообраќајна сигнализација на улиците во населбата Лисиче

Деновиве се обележува нова хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во населбата Лисиче во Општина Аеродром, информираат од општината.

 

Сигнализацијата ги опфаќа споредните улици, каде што се поставуваат и нови знаци, а целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Општина Аеродром неодамна постави нова хоризонтална и вертикална сигнализација со која се воведе еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово во правец кон Железничката станица.

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.