Градоначалникот Марин изврши увид во реконструкцијата на паркингот

Реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булеварот „Јане Сандански“, почнувајќи од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, па сѐ до раскрсницата со булеварот „Србија“, се одвива според предвидената динамика.

Ова го констатира градоначалникот Златко Марин при денешниот увид, при што најави реконструкција на сите паркинзи и сервисни улици и тротоари на овој потег во четири фази, со вкупна површина од околу 36 илјади квадратни метри. Исто така, во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат обележани паркинг-местата и ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните. Се очекува реконструкцијата да заврши за четири месеци.

Притоа, градоначалникот Златко Марин им се заблагодари на жителите од овој дел за нивното разбирање и трпение и истакна дека подобрувањето на инфраструктурата е од големо значење за сите граѓани.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.