Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, информираат од општината.

 

Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

 

Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од денеска до 15.9.2020 година.

 

Барањата можат да се поднесат заклучно до 15 септември 2020 година во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.

 

 




© Скопски портал. Сите права се заштитени.