Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово

Во населбата Острово почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики.

 

Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5 500 м2.

 

Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.