Крводарителска акција во Општина Аеродром

Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода за утре организираат крводарителска акција што ќе се одржи од 9 до 13:30 часот во просториите на Општината.

 

 

„Кон акцијата ќе се придружат дел од вработените во Општината, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин“, се наведува во најавата за акцијата.

 

Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот.




© Скопски портал. Сите права се заштитени.